Денес на владината седница се очекува да поминат одлуките за пополнување на околу 20 од вкупно 25 испразнети амбасадорки места.

Освен веќе потврдената информација дека партискиот секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Дане Талески, ќе биде предложен за амбасадор на Македонија во НАТО, извори од МНР за „Магазин“ соопштуваат уште неколку фаворити за дипломати.

Имено, Васко Грков, кој беше генерален конзул во Минхен во времето на Груевски, сега по ургенција на градоначалникот Митко Јанчев, ќе биде новиот амбасадор на Македонија во Белград, Србија. Имено, дипломатот Васко Грков, кој е од Кавадарци, е во одлични релации со градоначалникот Јанчев, но и со пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кои од своја страна имаат добри односи и соработка со владата на премиерот Заев, но и со братот на премиерот, Вице Заев.

Според Магазин, другите фаворити за амбасадори се:

Рами Реџепи (дипломат од МНР, близок до ДУИ) за амбасадор во Рим.
Сашко Тодоровски (дипломат од МНР, близок до СДСМ, сопруг на Мирјана Најчевска) за амбасадор во Стразбург, Совет на Европа
Данчо Марковски (од МНР, близок до НСДП, беше амбасадор во времето на Груевски во Загреб) за Тирана

Шпреса Јусуфи (дипломат од МНР, блиска до министерот Димитров), за амбасадор во Приштина, Косово
Милаим Фетаи (кадар на ДУИ, порано беше член на Советот за радиодифузија) за амбасадор во Загреб
Шабан Јашари (политички кадар кадар на ДУИ) за амбасадор во Катар
Андреј Жерновски (од ЛДП пребега во СДСМ за да стане заменик министер) или Теута Демјаха (политички кадар на ДУИ, беше и кандидат за пратеник во ИЕ-1), и двајцата се најсериозни кандидати за амбасадори при мисијата на ООН во Женева
Желба за амбасадор во Копенхаген (Данска) има и Фатон Бејта, внук на поранешниот градоначалник од Гостивар и функционер на ДУИ, Невзат Бејта, но околу него изгледа сеуште не е постигната согласност, заради неусогласеност на МНР Димитров со претседателот Пендаровски, кој имал и свои кадри кои сакал да ги предложи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.