Случајот со 27 април претставуваше совршен кастинг на Вилма Русковска да смисли како да ја уцени опозицијата, но за жал не успееја во тоа, рече вечерва Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“

Случајот со 27 април беше еден совршен кастинг кој и требаше на Вилма Русковска едно седум месеци да смисли како да го направи, да ги поврзат сите конци во таа цела нитка за да може да послужат да ја уценат опозицијата. Но, секако не успееја во тоа.Во врска со 27 Април она кое не се заборава е горчливиот вкус на неправдата, а знаете како и задоцнетата правда е неправда затоа што овие години не може никој да им ги врати на тие луѓе, истакна Василевска.

Според Василевска, луѓето кои беа дел од 27 април се патриоти и претствуваат мирољубив народ.

„За заедничка Македонија“ беше дело на Богдан Илиевски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, на покојна Елена Мисиркова, позадински се приклучија Александар Русјаков и безброј уметници, интелектуалци, професори, доктори. Ние сите имавме намера да создадеме едно ткиво на обединување кое требаше да се потпира на платформата за љубов. Ние сме патриоти затоа што претствуваме мирољубив народ, македонскиот конститутивен народ , македонската културна традиција, македонскиот литературен јазик, нашата традиција, нашата сегашност и нашата иднина врз основа на правото за самопределување на народите кое е етаблирано во меѓународно право 919 година минатиот век до ден денес. Така што она кое беше како наша реакција се засноваше на пораките и укажувањата на надпартиски начин да покажеме дека не дозволуваме да бидеме тренирани како стадо, како бројка и нешто кое ќе се поткусура за време на изборите, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.