Зоран Заев поднесе оставка разочаран и бесен по одлуката на Европската унија да не им дозволи на Македонија и Албанија да почнат преговори за членство, пишува денес весникот „Вашингтон пост“.

Во текстот, преземен од агенцијата Асошиејтед прес, се наведува дека предвремените избори во Македонија се одржуваат како резултат на неуспехот на Европскиот Совет што се одржа во октомври, каде Франција и Холандија го блокираа отворањето на преговори со Македонија и Албанија.

Заев денес поднесе оставка, по што веќе во тек е процедура за избор на нова техничка влада предводена од Оливер Спасовски, со Наќе Чулев како министер за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.