Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им го честита пласманот на одбојкарите на ЕП. Во честитката Мицкоски пишува дека и покрај сите црнила што ѝ се случуваат на Македонија, има и моменти на радост, моменти на светлина, а таков момент е токму победата на одбојкарската репрезентација на Македонија, која со гордост и достоинтво, со крената глава, со срце ги одбрани боите на Република Македонија.

И покрај сите црнила што и се случуваат на Македонија, има и моменти на радост, моменти на светлина. Честитки за пласманот на Македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство во одбојка. Вие ги браневте боите на Македонија, со гордост и достоинтво, со крената глава, со срце. Вашата победа е наша радост, и знам дека посветено ќе продолжите, а за кој друг ако не за неа, нашата единствена – МАКЕДОНИЈА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.