Васе Панчовски, кој денеска на Водици го фати светиот крст во Делчево, заедно со неговата група одлучија освоениот телевизор да го подарат на семејство од Делчево.

Како учесник во годинешните Водици, заедно мојата група одлучивме наградата телевизор која како среќен фаќач на крстот ја доделува Зегин да ја подариме на некој на кој навистина му треба. Во консултација со мои другари решивме да го доделиме на ова семејство. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани, истакна Панчовски.

Заблагодарувајќи се за донацијата, од семејството во чиј дом беше дониран телевизорот на сите граѓани им посакаа добро здравје, среќа и успех во годината.

Панчовски вторпат го фаќа чесниот Крст во Делчево. Минатата година тој исто така ја имаше среќа да го извади чесниот крст од водите на река Брегалница, за што исто така доби награда телевизор и 10 илјади денари од Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.