Комесарот за проширување, Оливер Вархели рече дека пристапните преговори со Албанија и Македонија треба да почнат напролет. Изјавата ја даде откако пристигна на состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи во Брисел.

Вархели рече дека министрите за надворешни работи на Европската Унија се состанале со дипломатите од Македонија и Албанија пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел.

Дебатата беше охрабрувачка. Изгледа дека ќе можеме да одиме напред и да ја исправиме грешката направена во октомври. Треба да ги започнеме преговорите за пристап со двете држави напролет – рече Вархели.

Земјите-членки на ЕУ не можеа да се договорат за почнување на пристапните разговори со Албанија и Македонија во октомври.

Франција услови понатамошни чекори во процесот на пристапување во ЕУ, со реформа на самиот процес.

Новата Европска комисија треба да излезе со предлог за нова методологија за пристапниот процес до крајот на јануари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.