Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека Европската комисија ќе воспостави механизам за распределба на вакцините од земјите членки на ЕУ кон партнерските држави.

Специјален фокус ќе биде на Западен Балкан и земјите од европското соседство, напиша Вархеј на Твитер.

Во документот кој ЕК го усвои денеска се наведува дека тој механизам би требало да им овозможи на партнерските земји пристап кон делот од 2,3 милијарди дози од вакцините кои ЕУ ги обезбеди низ заедничка набавка.

Се додава дека посебно внимание во тој процес ќе му се посвети на Западен Балкан, источното и јужното соседство на ЕУ и на Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.