Постои шанса да се раздвои пакетот на Македонија и Албанија во нивниот евроинтегративен пат. Ако не се изнајде решение меѓу Скопје и Софија за историски прашања, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, потврди дека е можно да се разгледа опцијата за поделба на пакетот Скопје-Тирана.

Овој процес се заснова на заслуги. Ако ги погледнеме постигнувањата на Албанија, ќе видиме дека се исполнети сите услови. Така што, ако нема договор во врска со Македонија, можеби ќе дојде моментот кога ние би требало да ја земеме предвид и таа опција, истакна Оливер Вархеји.

Вархеји се надева дека нема да дојде до тоа, но вели дека за ова прашање разговарал и со премиерот Зоран Заев и се договориле дека треба да се направи напредок од двете страни.

Тешко е да не зборуваш за драма по едно вето. Ветото само по себе е драма. Она на кое работиме сега е враќање во нормала, односно постигнување договор. Договор, со цел да ја одржиме првата меѓувладина средба со двете земји, вели Оливер Вархеји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.