Европската Унија може да отвори преговори со Македонија и Албанија за неколку седмици, бидејќи двете држави направија напредок во нивните подготовки за членство, изјави денеска во Прага еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Вархеји рече дека извештајот на Европската комисија за двете земји, што треба да биде објавен наредната седмица, е охрабрувачки.

Има сериозен напредок во двете земји. Многу сум охрабрен од фактот што двете земји одлучија да ги забрзаат нивните подготовки, рече Вархеји по средбата на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) во Прага.

Истакна дека со извештајот се надева дека ќе ги убеди земјите-членки дека двете земји се подготвени, и самите земји-членки треба да бидат подготвени да отворат преговори со Македонија и Албанија.

Многу се надевам дека ќе почнат преговорите со Македонија и Албанија во следните неколку недели, додаде еврокомесарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.