Обземен од победничката еуфорија соноќа беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го проследи фајнл форот во салата „Ланксес“ во Келн. По победата на македонскиот шампион и втората европска титула Мицкоски на Фејсбук напиша:

Вардар не направи горди, Вардар не направи среќни. Вардар од Македонија е шампион на Европа, и ваков успех Македонскиот спорт бележи ретко, и затоа радоста е уште поголема. Ова е заедничка радост, особено на секој еден вардарец кој е растен со црвено црната боја, кој живеел со сите победи и порази, со песните, воздишките и скандирањата на името ВАРДАР. А тоа е повеќе од клуб, тој е дел од срцата на многу Македонски генерации. Затоа сите граѓани кои се во можност да ги пречекаат достоинствено вистинските херои Вардаровите ракометари, да се дочекаат со љубов, со почит, со огромна поддршка. За Вардар, за шампионите кои не направија среќни и кои ја подигнаа на пиедесталот црвено црната!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.