Шилегов ја накити новогодишната елка во центарот на најазагадениот град во Европа, китењето можеше да се следи преку директен пренос. На другиот крај на градот, во МАНУ, на третиот ден од јавната дебата за уставните измени, професорот Светомир Шкариќ предложи во Уставот да влезе и Преспанскиот договор.

Одговор на ова има професорката Билјна Ванковска:

Ко овде не полуди, тај није нормалан! Даваат дуректен пренос од китење новогодишна елка со огномет – во најзагадениот град во Европа! Најстар професор по уставно право би го вклучил не само Охридскиот, туку и Преспанскиот во преамбулата (како да има временска машина, па би се вратил во минатото во 1991), затоа што сме граделе МЕЃУНАРОДНО УСТАВНО ПРАВО!?! Земја од периферија, колонија, протекторат во кој граѓаните се лишени од суверенитет, ете, гради иднина, идно меѓународно уставно право! Оној од ДИК ќе воведува читач на отисоци (со користење биометриски материјали од МВР), и тоа бил чекор напред! Да набројувам уште?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.