Професорката Билјана Ванковска смета дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче треба први, на плоштад да се вакцинираат против ковид-19 со „Астра Зенека“, а не да се прават божем несебични.

Таа на својот профил на Фејсбук ја објавува веста дека премиерот на Косово, Албин Курти е првата личност која на Косово ја примила вакцината „Астра Зенека“, со што почна вакцинацијата на населението против ковид-19 во оваа држава.

Во неделата, на 28, на Косово пристигнаа 24.000 дози од „Астра Зенека“ од ковакс-системот. Исто толку дози во неделата доби и Македонија, преку ковакс-системот. Масовната вакцинација во Македонија треба да почне утре, на 31 март.

Е ова е премиер! Со јасна порака за граѓаните, а не со „вадење“ како нашиве (кои се гарант вакцинирани предвреме, па сега не смеат да примат јавно и оставаат сомнежите да растат кај граѓаните). Заев и Венко требаше да бидат првите на среде плоштад, а не да се прават божем несебични, пишува Ванковска.

Е ова е премиер! Со јасна порака за граѓаните, а не со „вадење“ како нашиве (кои се гарант вакцинирани предвреме, па…

Posted by Biljana Vankovska on Tuesday, 30 March 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.