Професорката Билјана Ванковска ја коментира пораката од министерот за надворешни работи Никола Димитров дека „’Peкет’, всушност, е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бeeздна. Можеби дојде време да се преброиме“.

„Никола Димитров (повторно) си ги мие рацете од гревовите на сегашната влада, за која важи колективна одговopност, а не кој со кого (не) се сликал. И повторно во манихејски стил зборува за крстосница кон прогрес или бeeздна (иста финта како за референдумот!) и бара пребројување. Единствен демократски начин на пребројување се избори – избори на кои Димитров НИКОГАШ не излегол и не добил народен легитимитет! Неговиот е поврзан со тој на владата (кој е ypнисан, меѓу другото и за начинот на кој нè пребројуваа и демонизиpaa пред една година). Секој друг начин на пребројување е зakaна“, му реплицира на шефот на дипломатијата преку Фејсбук професорката на скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“.

facebook
Facebook

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.