Професорката Биљана Ванковска на својот Фејсбук профил испрати остри критики за инцидентот во затворот во Шутка.

Таа ја обвини власта дека е неспособнa.

Не знам која е вистината за претепувањето на бившите министри во притворското одделение, но ова зборува за неспособна (и можеби осветољубива) власт и дава основа за тврдењата на Груевски. За тоа време, едно момче зборува за повисоки плати и економски успеси. Ова е многу посериозно од Монти Пајтон. Престанаа да бидат смешни, а духовити никогаш не ни биле…
П.С. Во меѓувреме стасуваат различни верзии за настаните, и најстрашно од се’ е што никој никому не верува! Јазот само се продлабочува…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.