На интернет-страницата наречена „Солидарност на дело“ пишува дека доброволните прилози одат во некаков Солидарен фонд за помош и поддршка со справување со кризата при Генералниот секретаријат на Владата („при“ Рашковски, оној заплеткан во некаква афера за која никој не зборува, плус другарче на ЗЗ на квадрицикл вреден 10.000 евра) и/или на сметката на Министерството за здравство, коментира професорката Билјана Ванковска во својата последна колумна за „Нова Македонија“.

Оваа иста Влада, која или го изгубила компасот или мисли дека пиеме нафта, прво божем дава поврат на ДДВ со некаква апликација на која луѓето ги скенираа своите фискални сметки, а потоа апелира да ги донираат тие средства за хуманитарни цели. Потоа, преку портпаролче порачува какви неверојатни финансиски успеси постигнала и како ја подигнала минималната плата, а се задолжува со неверојатни износи пред избори.

 

Како да се толкува трошење на стотина илјади евра за тревници на плоштад среде здравствен колапс? Нина ги потсетува граѓаните на потребата да се солидарни, а ден потоа Дамјан објавува план за доделување 2,5 милиони евра за 5.000 млади, кои тукушто завршиле средно образование (и станале гласачи) за обучување за (божем) дигитални вештини. Во меѓувреме Заев лицитира со неверојатни бројки за тоа колку пари фалат во буџетот (а уште не е ни половина на годината помината) – 200 милиони, не 500, ах две милијарди станаа; Нина за три месеци се задолжува за 1,5 милијарда евра. Третиот пакет мерки е очигледен пакет на предизборна корупција, но, ете, немале за четвртиот, па народот треба да стане солидарен. Но, сепак, делат ваучери за летување (божем на најсиромашните баш до летување им дошло?!) и половина милион евра се инјектираат во шарените (не)владини организации, а богами и медиумите треба да добијат некоја трошка…

Целата колумна на „Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.