По днешната прес-конференција на специјалната јавна обвинителка во оставка. Катица Јанева, се јави и професорката Биљана Ванковска.

Таа по настапот на обвинителката чие име се споменува во случајот Рекет, за кој две лица веќе се во притвор, посочидека правната држава во земјата е одамна прежалена.

Не, не, ви велам: вакво џанк сценарио со пресврти од миг на миг нема ни во Боливуд – тие таму држат до себе

Инаку, Ката за првпат се појави сама на прес-конференција, што зборува само за себе! Оние што се оградија од неа нигде гио нема, а Фатиме е на одмор и се сонча некаде. Второ, текстот ѝ го напишал некој писмен, а таа во меѓувреме научила да чита (на почетокот ни тоа не го знаеше, ама се навежбала). Суштински не кажа ништо, освен што сакаше да почнеме да плачеме за неправдата која ѝ се чини – правната држава е одамна прежалена. Трето, имплицитно призна дека знаела за кривичното дело во кое е инволвирана, ама не пријавила, ниту повела истрага. Четврто, индиректно го инкриминира и сопствениот син, сакајќи да си ја спаси кожата. Петто, онаа нејзина „одложена оставка“ е рабиш, правнички џанк – слично како одложеното распуштање на Собранието (ви текнува)? СЈО е конституирано и озаконето околу неа како инокосен орган на прогон и нејзината оставка не трпи „сива зона“, ќе дојдам кога ми се може и час сум во оставка, час ја вршам должноста во полн капацитет. Шесто, очекувајте уште епизоди од евтинава сапуница… Но, не дозволувајте да ви влезе под кожа до толку за да ја заборавите големата слика: овде има луѓе кои се „дебело“ виновни и одговорни, а за двете состојби (кои се различни) постојат соодветни „лекови“ познати од нормални држави.

Не, не, ви велам: вакво џанк сценарио со пресврти од миг на миг нема ни во Боливуд – тие таму држат до себе! Инаку,…

Gepostet von Biljana Vankovska am Dienstag, 23. Juli 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.