И сега? Никој ни да писне што убиецот на Мартин Нешковски е во бегство (а што ни затворска казна, всушност, не служел)??? Каде се сега сите оние што ја подгреваа приказната за Мартин и го злоупотребуваа неговото семејство за протестите пред влада (на 5 мај 2015)???

По ова прашање се разидов и со блиски луѓе, тие разочарани од мене што одбивам да учествувам во ваква фарса, јас разочарана од нив што не гледаат подалеку од носот. Третите си профитираа како лешинари, пишува на Фејсбук професорката Билјана Ванковска.

Ова е само уште еден доказ за сета празнотија и чиста режија на протестното движење кое доведе до Шарената револуција, додава професорката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.