Министерството за здравство вчера распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти, на што јавноста повторно остро реагираше. Професорката Билјана Ванковска прашува уште што треба да се случи за да се разбудиме?

Многу чудни луѓе сте вие! Како можете да се чудите што владата повторно купува огромни количини лубриканти?! Ова е соодветна мерка на толку „онадување“ (во здрав разум) – очигледно не планираат да застанат. Ненаситни се, особено кај народ со Стокхолмски синдром.

 

МАЛКУ НИ Е!

 

Не знам уште што треба да се случи за да се разбудиме? За две години направија незамисливи нешта за секој нормален народ на светот, ама ние докажавме дека нема нешто што тие можат да го сторат, а ние да не можеме молкум да го издржиме.

 

МАЛКУ НИ Е!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.