Дали сме ние нормални, прашува професорката Билјана Ванковска, коментирајќи ја дебатата за тоа кој и што крие за случајот „Монструм“, која вчера се одвиваше во емисијата „Што не е јасно“.

После сите манипулации, злоупотребата на жртвите за политички цели, глумењето недоветност од Заев и ставањето сол на рана на родителите – ние си седиме мирно, како лоботомирани! Всушност, некои од нас укажуваа на политичката некрофилија (од Мартин и Тамара, до жртвите од „Монструм”), и тоа во време кога беше опасно да се зборува. Но, попусто! Толку горчливо чувство се таложи, толкав наплив на беспомошност и безнадежност. И колкава одвратност кон политиката, вели Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.