Не само што беше срамен поразот на теренот, туку сега како бумеранг ни се враќа и „јуначењето“ од трибините. Ајде и да разберам свиркање на државна химна (поради контекстот и се’ што ни се случува од страна на Бугарија), но скандидарњето за Татари и „две червени“ е уште еден пример на примитивно изразена фрустрација. Фактички, израз на немоќ! Не можеме по магарето (нашата влада која потпиша се’ што Софија побара), па удри по цела нација со навреди.
Да дополнам: поентата ми е без оглед колку сме гневни (со право), мораме да научиме тој гнев да го артикулираме попаметно и кон вистинските цели. На пример, од инает требаше да ги победиме Бугарите дома! Треба секој во својата област да е ИЗВОНРЕДЕН и подобар од оние на кои им се докажуваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.