Професорката Билјана Ванковска на својот фесбук профил пишува за очекувањата од Брисел, за разочараните, за погрешните проценки, илузиите, за камшикарите…

Читам некои сечат вени, други веруваат и се молат за чудо, трети се свестиле дека сме требале да имаме план Б … Јас мирно ќе спијам: ко Касандра предвидов се’, ме правеа евроскептик и луда, ме навредуваа што во ЕУ гледав со очи шурум отворени (како и вечерва Барселона). Свесна бев и останав: Македонија се саможртвуваше за НИШТО, сонувајќи за ЕУ како некогаш за комунизмот. Тоа е голем срам на оваа генерација. И нема да и биде простен.

Не ме допираат ни солзите на европските колеги кои ламентираат и жалат што не сме почнале маратон кој можел да се трча и наназад.

Јас сум за еманципација од секуларната религија, за лева критика на империјална Европа, Lexit од илузиите, за ослободување од влажните соништа за камшикари и секси девојки – и најмногу од се’, ослободивање од неспособни и корумпурани коцкари и тајкуни кои се претставуваат како вождови“ – пишува Ванковска на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.