Професорката Билјана Ванковска реагира на коментарот на главниот уредник на националната телевизија „Телма“ Атанас Кировски, според кого Димитар Апасиев не ја претставувавал левицата.

Аууу! Ова е полошо одошто мислев! Кировски како политички комесар – или цензор! Веројатно за нив Заев е левичар, па Димитар Апасиев не им се вклопува во гужвата во центарот (на оние кои се с’шти). Како и да е! Ова вистински уредник не смее да си го дозволи, пишува Ванковска на својот профил на фејсбук.

Понатаму, Ванковска заклучува дека дека еден уредник одлучува и кој е регистриран политички субјект.

Но, Телма одамна го допре дното, додава професорката.

Атанас Кировски станал ЛАКМУС за левичари, пишува на својот профил Димитар Апасиев, кој беше прозван од Кировски дека не е вистински левичар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.