Фрчкоска како Фрчкоски… И што е тука за чудење? Очекувавте нешто друго?, коментира професорката Билјана Ванковска за сопругата на Љубомир Фрчкоски, која воедно е адвокат на осомничената за „Рекер“, Катица Јанева.

Инаку, не ми е јасен овој феномен на медиумизација на истражни/судски процеси. Со години ТВ студијата се претворија во судници, а адвокати, судии и обвинители во јавни личности, па и интелектуалци. Јавноста има легитимен интерес, но таа не е судија. Или по улици или по медиуми, најмалку во судници, смета Ванковска.

Според професорката, сè ова личи на гладијаторска арена во модерни услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.