Кантонизација или федерализација може навистина да биде следниот чекор во процесот на актуелната поларизација која вклучува и интра и меѓуетничка поделба, смета Ханс ван ден Берг, директор на организацијата БИП, која се занимава со политичките прицеси на Балканот.

Ханс ван ден Берг, експерт за Балканот и за албанското прашање, вели дека кантонизација или федерализација се дел од финалниот план на посредникот при Пржинскит договор, Ван Хојте.

Според холандскиот експерт за регионот овие поделби се случуваат паралелно со „отсуство на владеење на правото, присутната неказнивост, корупција, непотозам и отсуство на подобар живот“.

Ван ден Берг на почетокот на оваа деценија бил лидер на проектот “Алб Факт” кој се занимавал со стратешките правци на политиката на Албанците.

Во видеото од 2010 година тој самиот се претставува како специјалист за албанското прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.