Ваква неспособност, вакво стратешко отсуство на желба и волја нешто да се сработи за својата земја и народ, мислам дека никаде не постои, вели активистот Ивор Мицковски, потенцирајќи дека нашата фасада е убава и прозападна, а внатре труло.

Рама во своето владеење кое не е најсјајно, направи најмалку три големи автопати, зборам за стотици километри, со тунели, виадукти и чуда, ги поврза сите делови од Албанија, ја отвори кон Косово и Грција, дури сега ја отвори и кон Македонија, и нашите граѓани од Дебар, Гостивар и Тетово се повеќе ќе гравитираат натаму. Косово направи врвен автопат до Приштина и накај албанска граница.
Македонија во 20 години власт ДУИ – ВМРО/СДСМ, направи едвај 40 км автопат.
Кичево – Охрид е легендарно веќе, со речиси милијарда евра спичкани и до никаде не сме.
Блаце, што е пат од 14 км, едвај го почнаа, не можат 2 км да изградат цела година.
Почнаа гасовод, го раскопаа Водно и го забаталија, ееееј 5 години немаат мрднато, а енергетска криза не гази.
За железницата со Бугарија да не збориме, дегутантно е.
Имаме најголем број на патарини на светот, а возиме селски руинирани патишта кои ни се наплаќаат како автопат, потсетува Мицковски.

Ја еве не знам, може грешам душа, додава тој, ама ваква неспособност, вакво стратешко отсуство на желба и волја нешто да се сработи за својата земја и народ, мислам дека никаде не постои.

Демек они нè интегрираат, нашата фасада е убава и прозападна, а внатре труло брате ко депонијата што сме, пукаме по сите шавови ама живуркаме.
Како може сè да е свртено кон криминал, корупција и клиентелизам, стварно не разбирам, како едноставно не им скурчи од оваа шарада на изигравање држава.
И пак некако туркаме, тоа е најголемиот апсурд. ДУИ и банда до сега ќе ја раситнеа и потрошија и една Швајцарија, ама ние пак туркаме некако, мизерно и нефукционално, шашаво и налудничаво ама изгледа не се докрадени па не одржаваат у живот.
Ние сме економски, социјален, психолошки феномен, колку овој народ може да издржи крадење, отсуство на квалитет и благосостојба за секоја будала што ќе влезе во политика да може да се богати, да го краде и да му се иживљава.
Феномени, ама и легендите ко нас ќе тропнат за едно 10 години, кога ќе не остават на кикирика, а они ќе киднат со камчатката, вели Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.