Трезористот од НЛБ доби 9 години затвор за слична сума. Испаѓа ваков криминал е поисплатлив, коментира на фејсбук Ивор Мицковски, откако денеска на пладне судот ја изрече првата казна за случајот „Рекет“.

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. Милески е осуден за кривично дело примање награда за противзаконско влијание за која е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

Трезористот од НЛБ доби 9 години затвор за слична сума.
Овдека се имаат сомнежи и за политички инволвирани, рекетирале преку Обвинител на СЈО, фатени се како изнесуваат пари.
Испаѓа ваков криминал е поисплатлив, пишува Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.