Државата ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште објави „Мета“. Во Министерството за здравство (МЗ) објаснуваат дека поради одредени отстапки, во моментов и децата што не се вакцинирани се примаат во училиште, но тоа не смее да продолжи како практика.

– Со оглед на фактот дека повеќе години наназад не се почитува условот да се достави вакциналниот картон при упис во градинка и во училиште, се разгледуваат правните можности да се направи законска измена и во моментов е во тек континуирана комуникација со претставници на Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Невакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици, а се превенира со вакцинација – велат од МЗ за „МЕТА“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.