Лидерот на опозициската Демократска партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ е човекот кој ги обезбедил 8000 илјади вакцини кои што српскиот претседател Александар Вучиќ ќе и ги даде на Македонија – тврди Експрес.мк

Собранискиот пратеник Стоиљковиќ не сака да ја коментира оваа информација која доаѓа од српски извори, скромно вели дека не е важно кој ги обезбедил вакцините за македонските граѓани туку дека најважно е да се спасат човечки животи.

Порталот expres.mk повикувајќи се на свои извори објави дека лидерот на ДПСМ најпрвин ја договорил помошта во вакцини со официјален Белград по што пред два дена на својот профил на ФБ од владата во Скопје побара да упати барање за вакцини до српските власти.

Денеска премиерот Заев во изјавата за медиумите воопшто не го спомена човекот што ги обезбеди првите вакцини за Македонија.

Ете полека но сигурно се потврдува по милионити пат дека пружена рака секогаш е добродојдена, поготово во вака тешки и сериозни моменти. Ја поздравувам одлуката на македонската влада да се обрати кон српското раководство и побара дел од вакцините со кои таа располага да и бидат отстапени на нашата држава. И уште повеќе задоволство ми причинува гестот на претседателот Вучиќ кој веднаш излезе во пресрет и одобри дел од вакцините со кои располага и во наредниот период, покрај американската ќе добиеме и дел од руските и кинески вакцини. За поздравување е секој потег воден пред се од интересите на граѓаните, бидејки на тој начин се покажува дека здраворазумската политика е единствениот пат по кој може да се чекори во иднината. Во исто време се заблагодарувам на македонската Влада и премиерот Заев за одлуката активно да се вклучат во одбележувањето на националниот празник на Србите, Денот на Свети Сава”, напиша Стоиљковиќ кој од опозиција успеал да издејствува 8000 илјади вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.