Власта и опозицијата в сабота седнуваат на нова рунда преговори за Законот за јавно обвинителство, на која се очекува да се најде и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

Работните групи на власта и опозицијата викендов ги продолжуваат разговорите по Законот за јавно обвинителство откако минатата недела двете страни разменија предлози за идното законското решение.

И во владејачката и опозициската партија очекуваат наскоро да се постигне договор и покрај разликите во позициите на двете страни.

На маса е последниот предлог на ВМРО ДПМНЕ, за којшто министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Канал 5 рече не е прифатлив, но е основа за решение. Власта смета дека предлогот од опозицијата не гарантира назначување на независен шеф на обвинителството за организиран криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.