Во емисијата „Само интервју“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти дека се обидува преку телефонски разговори со претседатели на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди помош за медицинските лица во Македонија да не се борат голораки со пандемијата.

Навистина жалам што тие луѓе се наоѓаат во една таква незавидна ситуација, она што можеме ние како опозиција, јас како човек како политичар, како претседател на најгоелмата политичка партија да го направам секогаш сум тука и стојам на располагање. Се обидуваме преку нашите контакти надвор од нашата држава да се обидеме што е можно повеќе помош да донесеме, заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека вчера имал телефонски разговор со премиерот на Словенија и претседател на сестринска партија Јанез Јанша за да помогне на Македонија, да обезбеди помош.

И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата. Но тоа нема да застане тука тоа е само првата пратка и самите они го организирале превозот за да навистина го добие призвикот хуманитарен, добро е и тоа да се напомене дека тој превоз тој транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари. Тоа е само првата пратка ќе има и дополнителни за некоја недела“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека најверојатно в понеделник ќе пристигне помош од уште една блиска и пријателска држава од претседател на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.