Комисијата за заштита од заразни болести во понeделник ќе ја анализира состојбата со коронавирусот и ќе одлучува дали треба да  се воведат некакви рестрикции на граничните премини со цел  да се спречи влез на новата индиска мутација, која се повеќе се шири низ европските земји.

Во однос на вакцинацијата, министерот Филипче очекува до крајот на следната недела сите пријавени граѓани во земјава да бидат вакцинирани. Со тоа, имунизирани ќе бидат вкупно 500 000 лица, што според здравствените власти сепак не е доволна бројка за целосна заштита од вирусот.

За трудниците и родилките министерството за здравство ја препорачува вакцината на Фајзер, иако министерот вели дека ниту една вакцина нема контраиндикации.

Македонија денеска доби уште една донација на вакцини од Хрватска, станува збор за 10 000 вакцини на Астра зенека, а хрватската влада одлучи дополнително да донира уште 20 000 вакцини кои ќе бидат или од производителот Астра зенека или пак од Модерна. Според најавите во текот на следната недела треба да пристигнат уште 10 000 вакцини од руската Спутник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.