Последната трибина од серијата „На прав пат“ ќе се одржи в недела во 13 часот во „Борис Трајковски“ во Скопје, соопштија од СДСМ.

Говорници ќе бидат премиерот во заминување и претседател на СДСМ, Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Како што брифираа од СДСМ станува збор за граѓански мултимедијален настан, со диџеј, со на илјада млади луѓе, со многу традиционални елементи, но и патриотизам.

СДСМ, како што брифираат од партијата во изминатиот период ја заокружил изработката на изборната програма, над 160 сектори работеле секојдневно изминатиот месец и половина врз база на сите истражувања.

Овој месец завршува и кампањата „Врата до врата“ и до овој момент над 6000 партиски активисти посетиле околу 70 илјади семејства.

Партијата утврдила централен изборен штаб, формирани се 25 сектори, а на 15 јануари ќе ја промовираат коалицијата, која ќе биде дополнета со неколку помали политички партии.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.