Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека ја прифаќаат амнестијата. Со законот нема да бидат опфатени организаторите и оние кои извршиле насилство.
Собраниската работната група за помирување денеска го утврди предлог текстот на законото решение за помилување за учесниците во настаните од 27 април.
Се направи правна дистинкција меѓу организаторите и насилниците од 27 април и останатите учесници. Амнестирани ќе бидат сите оние што не се организатори и не сториле насилство. Тие што не сакаат да бидат опфатени со помилувањето да можат да го продолжат процесот. Секое лице ќе може да поднесе барање за амнестија, рече пратеникот Зекир Рамчиловиќ.
Тој додаде дека предлог текстот ќе треба да го разгледа Координативното тело за помирување, а ако го прифати како пррдлог закон ќе биде пуште во собраниска процедура за да се носи во скратена постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.