На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќните часови, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.

Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари, порача Филипче на ФБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.