Собранието утре ќе одржи јавна расправа за нацрт-законот за јавно обвинителство. На еднодневната расправа се поканети јавниот обвинител Љубомир Јовески, Ацо Колевски (претседател на Советот на јавни обвинители), Вилма Русковска, професорите на Правен факултет Гордан Калајџиев и Татјана Каракамишева, потоа професорката на Универзитетот на Југоисточна Европа Беса Арифи, поранешните специјални обвинители Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, академик Владо Камбовски, обвинителите Коле Штериев, Сашо Рајчев, Ислам Абази, Мери Тромбева, професорите Слаѓана Тасева, Александар Даштевски Гордана Силјановска Давкова, Ѓорги Сламков, Стефан Буџаковски, Александар Климовски, новинарот Горан Лефков, адвокатите Еленко Миланов, Звонко Богдан, Сашко Дуковски, Тодор Витларов (обвинител), Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, Кристина Каранакова (обвинител) и адвокатите Џоко Диков и Ружица Николовска.

Јавната расправа е закажана за во 14 часот со Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Темата е насловена: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.