Претседателот на ДИК соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе биде утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори кои се закажани за на 21 април.

Дерковски потврди дека до комисијата стигнале три кандидатури и сите биле доставени од група избирачи со мининум 10 илјади потписи и додеаде дека кандидатите би требало да се воздржат од јавни настапи до почетокот на кампањата.

Денеска во Државната изборна комисија беа доставени потписите за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и коалициите, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, а претходно пристигна и кандидатурата за Блерим Река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.