Претседателот на Сoбранието Талат Џафери ја закажа за утре пленарната седница со единствена точка на дневен ред – разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Седницата ќе почне во 13 часот.

Постапката за разрешување на Јанева налага Парламентот да обезбеди дветринско мнозинство и Бадинтерово гласање. Откако ќе се изгласа, предлогот за разрешување се доставува до Советот на јавни обвинители кој го финализира разрешувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.