На утрешната 47. собраниска седница, пред пратениците од власта и од опозицијата ќе се најде Предлог – разолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокалдите на европските интеграции, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради тоа што Резолуцијата на опозициската партија е насловена до Собранието на Република С Македонија, СДСМ поднесе амандман со кој во содржината на Резолуцијата ќе се додаде уставното име на државата Република Севрна Македонија.

Ставот на СДСМ е дека суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на додавката „северна“ во името на државата, би било кршење на Уставот. Според ВМРО-ДПМНЕ резолуцијата ќе го покаже единство околу црвените линии во преговорите со Бугарија.

Се очекува „Резолуцијата“ да помине без поголема дебата бидејќи е прифатлива за сите политички партии во парламентот.

Резолуцијата ќе ја поддржат Левица, ДОМ, ДС, ЛДП. Алијалнсата и Алтернатива најавија дека ставот ќе го кажат на седницата кога ќе се расправа за резолуцијата. Според ВМРО-ДПМНЕ резолуцијата ќе го покаже единство околу црвените линии во преговорите со Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.