Утре се организираат 11 протести низ градовите во Македонија, на кои ќе се искаже револтот од ставовите на премиерот Зоран Заев посочени во неговото интервју за БГНЕС.

ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината.
Утре протест во 11 града низ Македонија. Народот се буди и нема назад. Срамот на Заев не е заеднички. Да не дозволиме да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата.
Протест сега, за да не биде предоцна! – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Струга, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Крива Паланка, Картово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија се градовите каде утре во 18 часот Македонците ќе се кренат против продажбата на македонската историја.

ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината.

Утре протест…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 29 November 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.