Премиерот Зоран Заев денека, одговарајќи на прашањето околу тоа дали ќе им бидат зголемени платите на просветните работници, истакна дека таа одлука утре ќе ја соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Министерот за образование и наука преговара со министерката за финасии. Тука се на припомош и другите ресори коишто прават свои отстапки, затоа што буџетот е толку. Сите солидарно гледаме да ги задоволиме приоритетите. Секако одлуката треба да биде соопштена утре, посочи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.