По прекинувањето на 135. седница на која заврши расправата за измените на Законот за Совет на јавни обвинители, Собранието попладнево продолжи со 123. седница и дискусијата по Предлог-измените на Законот за одбрана.

Измените предвидуваат промена на социјалниот и правниот статус на Армијата. Со него се дефинирани обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО. Се преминува од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана.

Со Законот се менува и името на Армијата на Република Македонија во Армија на Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.