Целосно конституиран Парламент е кога покрај верификацијата на мандатите на пратеницте ќе се избере комисија за избори и именувања и најважното, претседател на Собранието.

Ваков е ставот на експертите што „Република“ ги консултираше по дилемите се појавија дали откако не се избра претседател на Законодавниот дом, Собранието може да се смета за конституирано.

Претседавачот Џафери и Кабинетот на претседателот Пендаровски се со различни ставови. Џафери смета дека  без избран прв човек на Собранието нема конституиран Парламент и оти затоа се уште не испратил известување до шефот на државата Стево за формирањето на Парламентот со што би почнале да течат десетте дена за доделување на мандатот.

Од Кабинетот на претседателот сметаат дека без избран претседател законодавниот дом е конституиран.

Во прилог на објаснувањето на Џафери оди и Деловникот за работа на Собранието. Поглавјето 2 го регулира конституирањето на Парламентот.

Во него е наведено дека конституирањето на Парламентот е во неколку фази и оти завршува со изборот на Претседател.

Доколку претседателот на државата остане на својот став тој има рок до петок да го додели мандатот за формирање на владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.