На уставниот судија Јован Јосифовски денеска му завршува деветгодишниот мандат, информира Уставниот суд.

Тој е избран за судија на Уставниот суд на  24 декември 2012 година,  а неговиот работен однос почна на 14 јануари 2013 година. Судијата Јосифовски даде придонес со своето активно учество во работата на Судот и во изминатите девет години му беа доделени  228 предмети, соопшти Уставниот суд.

Со завршувањето на мандатот на Јосифовски, Уставниот суд останува да функционира со пет судии, од вкупно девет предвидени со Уставот.

Неизвесно е кога ќе се бираат нови уставни судии поради политичката криза во која се наоѓа Македонија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.