Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека Уставниот суд ја прифатил иницијативата за оценување на уставноста за Законот за јазици. Во образложението на судот се наведува дека ја прифатиле иницијативата, но не стои кога и дали ќе ја стават на дневен ред.

Левица смета дека Законот е донесен со грубо кршење на сите деловнички процедури во Собранието на РМ и истиот е објавен без потпис од Претседателот на РМ. Понатаму, овој закон е плод на партиските пазарења помеѓу двата криминални партнери од власта СДСМ и ДУИ. Европското знаменце безобразно е искористено каде што не му е местото, само за да во корен се сосече било каква суштинска и јавна расправа.

Идејата за двојазичност ја подрива унитарноста на Република Македонија , и дополнително системски го сегрегира народот. Имено, обратна е логиката на Владата која ја користи за афирмирање на оваа идеја. Законот нема да придонесе кон разбирање, туку напротив кон дополнително недоразбирање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.