Уставниот суд одлучи да ги поништи уредбите на Владата за минимална плата на функционерите, судиите и обвинители. Одлуката е донесена откако пред две недели уставните судии одлучија да поведат постапка и да ги суспендираат овие уредби додека не ја оценат уставноста.

Со денешната одлука и конечно е одлучено дека избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор – пратеници, шефот на државата, министри, градоначалници, судии, обвинители … нема да земаат минимална плата од 14 500 денари.

Пред две недели кога уставните судии решија да покренат постапка за оваа уредба, предизвикаа бура од реакции во јавноста, а Владата одлуката ја нарече скандалозна.

На Уредбата претходно се противеа здруженијата на судии и обвинители, кои откако Уставен го запре минималецот, потоа ги повикаа своите членови да донираат во солидарниот фонд за борба против ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.