После “блескаме” на Зоран Заев, сега ја слушаме и Радмила Шеќеринска дека “зад нив имале успешна година”. Па како да немаат успешна година тие неколкумина од криминално-рекетарскиот октопод после година која изобилува со криминал, корупција и рекетирање?!, пишува на својот Фејсбук профил, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

По што го мерат успехот, по искинатите униформи на Македонските војници или по сменетото име на Армијата на Република Македонија? Ако тоа за нив е успех, тогаш овие луѓе не знаат што е неуспех, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.