Одговорот на прашањето – Дали екс специјалната обвинителка Катица Јанева ќе излезе од Шутка и ќе замине во домашен притвор веројатно ќе биде познат уште утре. Според најавите, Вишото јавно обвинителство ќе даде мислење на надополнетата жалба на нејзиниот адвокатски тим кој смета дека со завршената истрага отпаѓа можноста за влијание врз доказите па очекуваат судот да и го укине притворот и да и определи поблага мерка.

Ја надополнивме жалбата со известувањето за завршена истрага со што сметаме дека отпаѓа точката за влијание врз докзаите па оттаму очекуваме поблага мерка. Понатаму стратегијата за одбрана ќе ја подготвиме во договор со клиентот. А од утре ќе продолжиме да вршиме увид во доказите на Обвинителството меѓу кои се и оние прибавени со ПИ мерки, вели Дељо Кадиев, eден од адвокатите на Јанева.

Освен исказите на доскорешните колеги на Јанева, обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми се и снимките кои веќе ги виде јавноста. Од ПИ мерки според извори во истрагата се користело следење на Јанева и тоа десетина дена пред да биде уапсена. Неделава увид во доказите најверојатно ќе направи и второ- осомничениот Зоран Милески Кичеец кој веќе е во домашен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.