Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека дошле уште двајца луѓе во Клинички центар, а на еден од нив имало мали знаци на корона вирус помешан со други вируси.

„Пациентката нема знаци за некакви компликации. Кај сите кои биле во комбето и луѓето со кои биле во контакт е препишана оваа соодветна изолација. Доброто е тоа што сите немале контакт со голема маса на луѓе. Ќе видиме дали ќе продолжи домашната изолација. Две лица дојдоа вчера во клиника, едно од нив е шофер и немал знаци на корона вирус, додека пак другото лице покажува мали знаци на корона вирус помешан со други вируси, но верувам дека тестот ќе биде негативен“, истакна Филипче.

Таа се вратила од Рим. Тестирањето дало делумно позитивни резултати, по што се прави дополнително тестирање на Клиниката за инфективни болести.

„Жена којашто со сопругот била на кратка прошетка во Рим се јави на Инфективната клиника. Нејзиниот тест во една третина, само парцијално е позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси и затоа сега се прави дополнително тестирање на широка палета на вируси, да не шпекулираме иако верувам дека и овој тест ќе биде негативен. За резултатите ќе известиме после два часа“ , рече министерот Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.