Олимпија Христова Заевска, шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, си поднесе оставка. Христова Заевска, си поднела неодповиклива оставка од својата функција, а во петокот го имаше и последниот работен ден.

Ова не е прва соработничка која ја напушта министерката Ангелковска. Само месец дена откако таа го претстави новиот тим, оставка си даде Ана Марија Макреска, која работеше како координатор на социјални медиуми и односи со јавност во Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.