Оценувајќи го како „голем чин на солидарност и пријателство“ претседателот на Владата Зоран Заев денеска објави дека Србија ќе ѝ помогне на Македонија со со итна испорака на 8.000 вакцини „Фајзер“. 

Во директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000  вакцини против КОВИД-19. Тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денов. Стана збор и за другите вакцини за кои имаат договори, но за кои што треба да ги проверат клаузулите дали тоа можат да го направат. Многу сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до Владата и српскиот народ, да ја пренесам таа благодарност. Станува збор за сериозен чин на пријателство, кој покажува дека Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има, информираше премиерот Заев, кој додаде дека претседателот Вучиќ изразил волја вакцините да бидат донација, но ние имаме средства, додаде Заев и ќе ги платиме вакцините по набавна цена.

На објавата на неговиот Фејсбук профил иако стотици граѓани изразија благодарност до „вистинскиот пријател“, гласно ја критикуваат „бате дај вакцини господ здравје да ти даде“ политиката на Заев. Граѓаните го обвинуваат дека тој и владата со која раководи ниту еднаш не успеале нешто да набават или да купат самите, туку Македонија со нив чека милостина.

Ви пренесуваме дел од коментарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.